КОИ СМЕ Кои сме и за што се бориме

Може ли да се урне капиталистичкиот систем? Дали е можно едно општество да стои без војни, невработеност и дива експлоатација на слабите? Дали е можно да се укинат војската и полицијата, затворите и судовите? Можно ли е да се урнат сите граници и да се изгубат пасошите? Дали е можно луѓето да работат – каде и како сакаат – без стрес од глад и сиромаштија? Дали е можно да исчезнат газдите и имотот и сите да уживаат во добрата на општеството?

Капитализмот не постоел отсекогаш и нема да опстои вечно. Во старите денови, во средниот век и антиката, луѓето честопати страдале и умирале од глад бидејќи немало доволно производство, храна за секого. Сега луѓето страдаат и умираат затоа што има премногу производство, затоа што на производителите им е поисплатливо да ја закопаат храната во земјата отколку да ја продаваат. Новото нешто што капитализмот му го донесе на човештвото беа продуктивните сили поколосални од кога било. Сега е доволна работата на мал дел од светската популација – на пример: на жителите на Англија- за да ги облечат сите жители на земјата со облека. Проблемот со капитализмот е што додека фабриките, услугите, транспортот директно го засегаат целиот свет, се сопственост на малкумина, кои работат врз основа на профит, а не на потребите на општеството. Денес најголемиот дел од човечкиот труд се троши, во конкуренција меѓу производи (рекламирање), во конкуренција меѓу држави и интереси (вооружување) и конечно во конкуренција меѓу сопствениците на средствата за производство, капиталистите и работничката класа која работи во нив (трошоци за судови, затвори, полиција, војска). Транзицијата кон колективна контрола на работничката класа на сите средства за производство и услуги, како и демонтирање на сите паразитски репресивни механизми (полиција, судови, армија), уривање на границите и глобална мобилизација на сите работници, не е повеќе Утопија. Тоа е неопходен чекор за целата човечка цивилизација да оди напред.

Да, но дали падот на постоечкиот социјализам не докажува дека револуцијата е залудна? На крајот на краиштата, во сите земји, дури и кога народот гласа за Левица, ги избира социјалдемократите кои немаат сериозни разлики во нивната програма со Десницата (приватизации, штедење).

Немаше поинаков општествен систем во Русија и на Исток отколку на Запад. И покрај нивната комунистичка фразеологија, овие режими брутално ја угнетуваа работничката класа и на најлош можен начин го клеветат името на социјализмот, исток и запад. Сталинизмот беше државен капитализам, а неговиот колапс под масовното неодобрување на работниците од овие земји ги приближува изгледите за револуција и работничка моќ низ целиот свет Одговорот на капитализмот не може да дојде ниту од парламентот. Обновувањето на масакрот на работниците и левицата во Аљенде Чиле е единствената перспектива за оние кои замислуваат радикални промени во општеството преку изборните процеси. Капиталистите ја имаат полицијата, армијата, судството и целиот државен апарат на своја страна за да ги бранат нивните интереси. Секогаш кога работничката класа се соочува со буржоазијата за моќ, таа гради свои органи на власт, работнички совети и работничка милиција, каде што функционира директната демократија, претставниците постојано се отповикуваат и сите работници го преземаат спроведувањето на нивните одлуки.

Има и други организации и партии кои зборуваат во име на социјализмот, па дури и на револуцијата. Што различно може да понуди „и Кокини»?

Го пропагираме независното делување на целата работничка класа. Затоа бараме од грчките синдикати да напишат во своја моќ СИТЕ печалбари Ние сме против секој облик на дискриминација што ја дели работничката класа. Вистинската работничка револуција станува фестивал на сите угнетени. Затоа го поддржуваме секое угнетено национално општествено малцинство. Овде во Грција особено ги браниме турското и македонското малцинство, сите доселеници, особено оние кои живеат и работат во најбедното средновековно ропство, Ромите, жените и ЛГБТ личности. Бараме отворени граници и легализација на сите имигранти безусловно. Категорично негираме дека имаме исти интереси како „нашата“ капиталистичка класа и со нив не браниме никаква заедничка татковина. Нашите браќа, другари и другарки се работниците на светот и пред се работниците на Турција. За да може еден ден работничката моќ да стане реалност, неопходно е да се обединат најпионерските работници во револуционерна партија со јасни идеи. Ќе го поддржиме секој обединувачки напор на борбите и организациите на револуционерниот марксизам, кој може да оди дури и еден чекор понатаму во оваа кауза. Во исто време, ние го земаме здраво за готово дека револуционерната работничка партија се кова со трпение и работа како мравка на работното место и се обидува да ги шири своите идеи учествувајќи во секоја голема или мала борба на нашата класа.

НАШАТА ИДНИНА НЕ Е КАПИТАЛИЗАМ ТАА Е РЕВОЛУЦИЈАТА И СОЦИЈАЛИЗМОТ

Весникот „И Кокини“ kokkiniefimerida@gmail.com

*Τη μετάφραση στα μακεδονικά έκανε ο Σωτήρης Μηνάς.

**Μπορείτε να διαβάσετε το κείμενο επίσης στα ελληνικά (Greek) και στα τουρκικά (Turkish) σε αυτούς τους συνδέσμους.

One comment

Γράψτε απάντηση στο BİZ KİMİZ? – Η ΚΟΚΚΙΝΗ Ακύρωση απάντησης

Εισάγετε τα παρακάτω στοιχεία ή επιλέξτε ένα εικονίδιο για να συνδεθείτε:

Λογότυπο WordPress.com

Σχολιάζετε χρησιμοποιώντας τον λογαριασμό WordPress.com. Αποσύνδεση /  Αλλαγή )

Φωτογραφία Twitter

Σχολιάζετε χρησιμοποιώντας τον λογαριασμό Twitter. Αποσύνδεση /  Αλλαγή )

Φωτογραφία Facebook

Σχολιάζετε χρησιμοποιώντας τον λογαριασμό Facebook. Αποσύνδεση /  Αλλαγή )

Σύνδεση με %s