
For Greek scroll down
пишува Харис Пападопулос
Преведува Сотирис Минас
Двајца од хероите од 1821 година почестени од државниот наратив на револуцијата се Ригас Фераиос и патријархот Григориј Е. И двајцата се сметаат за сведоци на истата „национална идеја“.
Ригас, сепак, повика на панбалканско востание на сите угнетени – христијани и муслимани – за да се собори султанот, но и владетелите, без разлика на верата. Ригас, бил дете на јакобинската традиција на Француската револуција, создал тајна револуционерна организација.
Нејзините планови биле предадени на султанот и на Австријците, не од Турчин, туку од тајната на Патријаршијата која се инфилтрирала во организацијата. Ригас и уште 13 другари биле задавени и нивните тела биле фрлени во Дунав. Монасите на Патријаршијата славеле: „Што се однесува до лудиот Ригас, кој издава разни бунтовни писма… без Христова согласност, ја најде најдобрата смрт и стана риба на Дунав. И заедно со другите заговорници ќе стане материјал на вечниот пекол“.
Напротив, патријархот Григориј, кој ги престигнал и ги аболицирал револуционерите во 1821 година, бил составен дел на моќта што Ригас ја мразел. Како и секој патријарх пред него, тој бил член на Диваните, односно на султанскиот кабинет и највисок даночник на православните христијански поданици на империјата. Григориј ја загубил главата поради неуспехот да ги контролира револтираните популации. Голема улога во неговото погубување одиграле интригите на епископот Писидиски Евгениј, кој го чекал својот ред да се искачи на патријаршискиот трон.
Непознатата револуција
Револуцијата на Пелопонез не започна на 25 март во Агиа Лавра, каде никогаш не беше кренат никаков транспарент. Востанието започна на 21 март во Патра, а водачот на востаниците, чевларот Панајотис Карацас, член на „Пријателското друштво», конечно бил убиен од Коцабасидите. Во Атика, организаторот на востанието, Мелетис Василиу, заминал прогонуван од елитите и го инспирирал востанието на безземните во Северна Евија, каде што исто така бил убиен.

Андонис Иконому, член на „Пријателското друштво» полубог на Хидра, успеал да ги фати бродарите на спиење и така востаниците ги презеле бродовите. Економу, исто така, бил убиен од луѓето на Андреас Лондос, истакнат, а подоцна и традиционален партиски лидер. Во Андрос, востаничките селани основале „комуна“, сите заедно обработувајќи ја земјата. Тие, всушност, ги поминувале богатите низ народни судови, бидејќи ја повикале османлиската флота да ги спаси од селаните. Водач во Андрос бил фармерот Димитрис Балис, кој бил убиен следната година по наредба на „комесарот на островите“ К. Метаксас, вујко на подоцнежниот диктатор Иоанис Метаксас.
Во Наксос, водач на револуцијата бил епископот Хиеротеос. Тој бил член на „Пријателското друштво» и методично организирал окупација на големи имоти од луѓе без земја. Во следните години бил затворен на Пелопонез.
Окупации се случувале и на други места. Но, особено во Самос имало јасна победа на безземните над истакнатите, која траела цела деценија. Овде богатите биле принудени да побегнат на брегот на Мала Азија и револуционерите, на чело со член на „Пријателското друштво» Ликургос Логотетис, формирале своја политичка организација, „Карманиолос“, која владеела со островот. Со акциите на грчката централна управа на Пелопонез, островот бил отсечен. Подоцна, со дипломатските преговори на Каподистриас, Самос не бил вклучен во грчката држава и Османлиите го вратиле општествениот поредок и земјопоседниците на нивните имоти.
„Пријателското друштво» изгубило контрола.
Видовме дека убиените водачи на сиромаштијата обично биле членови на „Пријателското друштво». Меѓутоа, наспроти потребите на земјоделците за земја и подобар живот, „Пријателското друштво» задржало незгоден став и брзо било совладано од настаните.
На Пелопонез од Првото национално собрание (декември 1821 – јануари 1822), „Пријателското друштво» во суштина станало минато. Иако двајца негови членови, Д. Ипсилантис и Т. Колокотронис, се избирале, едниот како претседател на извршната, а другиот како генерал, во органите на Коцабасидите кои имале апсолутно мнозинство. Триумфот на реакцијата се одразил на Второто народно собрание, во 1823 година. Таму се продавале „националните земји“, односно земјиштето што некогаш ѝ припаѓало на Османлиската држава и на турските агади можеле да го купат богатите.
Сепак, оваа одлука се спроведувала во ретки случаи. Причина: стравот на богатите за земјоделците кои де факто ги окупирале овие ниви. Меѓутоа, членови на „Пријателското друштво» биле веќе во прогон, а различните делови од елитата се подготвувале за граѓанска војна за да го распределат пленот. Грчката револуција се чинело дека паѓа во празнина.
На Третото национално собрание на Тризина, во 1826 година, биле обновени поранешните членови на „Пријателското друштво». Заедно со Ипсилантис и Колокотронис кои биле оправдани, откажани биле сите распродажби на „националните земјишта“. Причината: инвазијата на Ибрахим на Пелопонез и Ќутахија во Румели ја управувале и запреле поранешните водачи на Пријателското друштво, излегувајќи од затворот во последен момент и го презеле раководството на воените операции.
Третото национално собрание ја затворило својата работа со двојна контрадикторна порака. Од една страна гласало за Уставот на Троизина, најлибералниот устав во светот во тоа време, а од друга страна, тој го доделил реакционерниот Каподистријас да управува со земјата. Тоа е периодот кога Големите сили со поморската битка на Наварино се обврзале да стават крај на немирите во Средоземното Море, овозможувајќи формирање на грчката држава. Општествените прашања, кои биле покренати и нерешени во 1821 година, привремено биле ставени настрана, за да експлодираат во блиска иднина…
Заклучок
Револуцијата од 1821 година имала општествени и класни карактеристики од првиот момент. Во секој регион, сиромашните селани го познавале својот класен непријател. И не ретко преземале остри мерки против него. Но, тие останале таму, без да ја поврзат својата борба со другите области и без да можат да имаат план што ќе направат, откако ќе ги избркале Коџабашиите. Вишите класи имале многу подобар политички инстинкт. Не им било доволно да победат локално, туку го задушиле општествениот бунт каде и да избувнал. И со особен бес ги нападнале водачите на сиромашните.
Грчката држава можеле да ја наследат само буржоазијата, трговците и фанариотите. Со неколку исклучоци, оваа класа била принудена на револуција или била целосно непријателска кон неа додека не победи. Типичен пример е Михаил Тосицас кој во времето на револуцијата бил задолжен за кураторство на Ибрахим-паша на Пелопонез, акумулирајќи богатство од грабежите и истребувањето на неговите жители. Набргу потоа, Тосицас направил некаква угледна милостина и од предавник се претворил во „Голем добротвор на нацијата“. Револуцијата од 1821 година била – всушност – епизода во обидот на човештвото да се ослободи од експлоатација и угнетување. Буржоазијата тврди дека споменот од 1821 година ги репродуцира митовите за национално единство и континуитет на нацијата. Но, ние исто така го тврдиме, како што ги тврдиме сите буржоаски револуции, затоа што тие го покренаа – дури и да не го решија – прашањето за слободата и еднаквоста.
*Написот првпат е објавен во весникот „Ергатики Аристера“ на 24.3.2015 г.
**You can read the article in greek in this link
[…] να διαβάσετε το άρθρο και στα μακεδονικά σε αυτό τον σύνδεσμο σε μετάφραση του Σωτήρη […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!