
Една од нашите луѓе, Лале Алатли, сакана другарка, угледна писателка и уредничка на весникот „И Кокини“ е еден од илјадниците имигранти, на кои грчката држава суштински им го негира доделувањето на државјанството. Тричлениот Комитет за државјанство на Централна Македонија неодамна го отфрли барањето на другарката, врз основа на циркулар кој погрешно го толкува законот со целосно апсурдниот и апсолутно класен критериум на приходите, а всушност.. ретроспективно од 2012 година! Побарувачка/услов, со незаконска ретроактивна примена, кој -особено во екот на економска криза- тешко дека би можел да го исполни дури ни роден, жител на оваа земја.
Со цело срце стоиме покрај Лале Алатли.
Бараме доделување на грчкото државјанство и промена на целосно неправедната легислатива која ги лишува илјадници луѓе кои живеат, работат, подлежат на сите обврски и плаќаат даноци во Грција, можност да ги имаат сите права на граѓанин на оваа држава.
* И овде можете да се потпишете како поддршка за натурализацијата на Лале Алатли
Следуваат два текста, на Хлои Куцумбели и на Друштвото на писателите во Солун.
Пишува Хлои Куцумбели
Лале Алатли дипломирала на филолошкиот оддел на Универзитетот Демокрит од Тракија. Посетувала часови по грчки јазик во Училиштето за новогрчки јазик на Аристотел универзитетот во Солун, од каде што добила Уверение за познавање јазик. Предаваше грчки јазик во „9-ти септември“ во Измир и на Универзитетот „Гилдиз“ во Истанбул. Во 2010 година дошла во Грција каде предавала турски јазик во туторскиот центар SPEAK, во 2016 година основала своја приватна компанија како толкувач, преведувач и наставник. Пишува песни, раскази и есеи на грчки јазик, кои се објавени во грчки, турски и кипарски книжевни списанија. Има преведено десетици книги од грчки на италијански јазик и од италијански на грчки јазик. Важен дел од нејзините преводи се однесуваат на преводи на книги од кипарски писатели на турски. Има развиено значајно општествено дејствување во културни, хуманитарни и еколошки организации во Грција и Турција.
А СЕПАК, СЕТО ОВА, ЗА ЖАЛ, НЕ БИЛО ЗЕМЕНО ПРЕДВИД. НЕЈЗИНОТО БАРАЊЕ ЗА НАТУРАЛИЗАЦИЈА ВЕШЕ ОДБИЕНО ОД ГРЧКАТА ДРЖАВА.
Надлежниот орган врз основа на неодамнешните министерски решенија и циркулари со кои се предвидува дека барателот мора да има конкретен годишен приход од работа, без разлика на недвижен имот или капитал во банката, застана само на овој параметар и ги игнорираше сите други услови кои Лале ги исполнува со наведеното погоре. Ако Лале не може да добие грчко државјанство, каква надеж имаат другите со помалку суштински квалификации? Колку се неправедни и неуставни овие министерски решенија-циркулари? Дали циркуларот може да биде супериорен во однос на законот кој поинаку предвидува? Посебно кога циркуларот се применува ретроактивно, односно приходите на странецот што се земаат во предвид се враќаат во 2012 година и не се земени сите негови последни финансиски податоци? И што покажува за државата што завршува фокусирајќи се само на годишниот приход на една личност и игнорирајќи ги сите други многу важни елементи како што се вистинската и ефективна интеграција на таа личност во земјата домаќин, доброто познавање на јазикот и неговиот социјален придонес?
Одбранбени механизми за прогон и маргинализирање на странците. Луѓе кои со години живеат во Грција и се уште немаат грчко државјанство. Испити со смешни или многу тешки прашања на кои малкумина Грци би можеле да одговорат. Министерски одлуки и циркулари кои им дава причина на тричлените комисии да издвојат интервјуа и да ги отфрлат исклучиво врз основа на годишни приходи.
Каква надеж има Лале и секоја Лале во една негостопримлива и ксенофобна држава? И каква надеж имаме сите ние, се разбира?
И соопштението на Друштвото на писателите на Солун
А сепак Лале Алатли, елитниот член на книжевната заедница со богато творештво и дејност повеќе од петнаесет години во Грција, според одлуката на тричлениот Комитет за државјанства на Централна Македонија не може да се натурализира како Гркинка. И тоа е нешто што нѐ плаши, бидејќи нејзиното образование е грчко, љубовта кон Грција и грчката литература е неизмерно дадена од нејзина страна.
Како Друштво на писатели од Солун, одбивањето на барањето го сметаме за целосно неправедно затоа што особено во случајот на Лале Алатли која е дипломирана на грчки универзитет, носител на јазичен сертификат, целосно интегрирана во грчкото општество со силна културна и социјална акција. , има преведено книги од грчки јазик и на грчки јазик, објавува есеи, песни и раскази во грчки, турски и странски литературни списанија, учествувала на книжевни конференции и генерално на секој начин ја почестува и промовира каузата на културата кај нас.
Бараме да се слушне нејзиното барање и да и се даде грчко државјанство бидејќи натурализацијата на таква личност е богатство и профит за нашата земја и нашата култура, бидејќи Лале заслужува да има татковина која ќе ги отвори рацете и ќе ја дочека. Нека биде нашата.
Translation: Sotiris Minas
*You can read the article in Greek, in English, in French, in Spanish, in Italian, in Portuguese, in Russian (translated by Xenia Kalaitzidou), in Serbian (translated by Suzana Mazalica)
[…] να διαβάσετε το κείμενο στα Αγγλικά και στα Μακεδονικά (σε μετάφραση του Σωτήρη […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!
[…] Macedónio […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!
[…] **Vous pouvez lire le texte en macédonien […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!
[…] **Puoi leggere il testo in greco, in inglese, in francese, in spagnolo, in macedone […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!
[…] **Você pode ler o texto em grego, em ingles, em francês, em espanhol, em italiano, em macedônio […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!
[…] **Možete pročitati tekst na grčkom, engleskom, francuskom, španskom, italijanskom, portugalskom, makedonskom […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!
[…] Griechisch, auf Englisch, auf Französisch, auf Spanisch, auf Italienisch, auf Portugiesisch, auf Mazedonisch (übersetzt von Sotiris Minas), auf Serbisch (übersetzt von Suzana Mazalica) und auf Russisch […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!