
Пишува Харис Пападопулос
Преведува Сотирис Минас
На 12 јуни годинава се навршуваат точно 4 години од потпишувањето на Преспанскиот Договор. Тоа беше понижувачки момент за македонскиот народ. Во исто време, тоа беше време кога НАТО целосно триумфираше над Западниот Балкан и ароганцијата и навредата на грчката држава кон правото на самоопределување на народите ги достигна своите граници.
Лидерот на Република Македонија – Заев беше принуден заедно со грчкиот премиер Ципрас да потпише дека македонската држава отсега официјално ќе се нарекува „Северна Македонија“ и дека оваа задолжителна промена ќе се ратификува веднаш преку уценет Референдум одржан неколку месеци подоцна, на 30 септември 2018 година. Референдумот успеа само да го долови заморот, огорченоста и фрустрацијата на македонскиот народ, бидејќи не можеше да ја достигне минималната граница на 50% од учеството на македонскиот електорат во него.
И покрај воздржувањето на населението во земјата од ратификацијата на договорот, неговите клаузули брзо беа имплементирани во Република Македонија. Сите табли во Македонија на јавни згради, документи и слично, брзо беа преформулирани во согласност со грчките барања и беа сменети сите регистарски таблички на автомобилите. Не беа поштедени ниту натписите на статуите на Александар и Филип, кралевите на античката Македонија, кои сите беа преработени со цел национално да се разликува денешната македонска нација од античкото македонско кралство.
Но, како грчката влада, САД и НАТО успеаја да ја доведат Република Македонија до ова понижување?
Грција: „Кумот“ на Балканот и чуварот на САД и НАТО
Непосредно оружје на грчката уцена беше одбивањето на грчката влада да ја прифати Република Македонија во НАТО и во Европската Унија. Така, за да може Република Македонија да го стекне сомнителното право да се интегрира во воените и економските сојузи на Западот, мораше прво да го претрпи ова национално понижување. Со други зборови, мораше понизно да ја наведне главата за да добие дозвола да се продаде на пазарот на робови.
Но, заедно со формалното право на вето, владата на Ципрас беше потпомогната од силниот грчки капитал. Грција има двојно поголем БДП од сите балкански земји (освен Турција) и е водечка сила во странски инвестиции во македонската држава. Што значи дека пред да биде понижена македонската држава на меѓународно ниво, таа веќе била финансиски освоена од Грција и нејзините капиталисти. Затоа што Грција и нејзините газди се тие што цицаат профити од грабливи „инвестиции“ во соседната земја. И, главно, грчките капиталисти ја обврзуваат македонската работничка класа на плати од глад со минимални примања од само 230 евра месечно.
Со Преспанскиот Договор, македонската држава се претвори во парталав следбеник на Грција и САД, додека дури и воздушниот простор на Република Македонија е „заштитен“ од борбените авиони на грчкото воздухопловство.
Грција, од своја страна, му докажа на човештвото дека може да стане „Кум“ на другите народи и етникуми и покажа дека длабоко може да го презира правото на национално самоопределување. И со ова мизерно однесување ја освои позицијата на локален шеф во Западен Балкан во име на САД и НАТО.
Може ли империјалистички и понижувачки договор како оној во Преспа да придонесе за борбата за мир и против национализмот на Балканот?
Во Грција по повод Преспанскиот Договор се одржаа повеќекратни митинзи, училишни сквотови и слично против грчката влада. Но, тоа не беа мобилизации на меѓународна солидарност со македонскиот народ. Напротив: тоа беа демонстрации на десницата и крајната десница со мизерни и еметски пароли против македонската нација и македонското малцинство во Грција. Имаше и напади од бесни фашистички насилници, како што беше палењето на сквотот Libertatia во Солун. Преку мобилизациите за Преспа, фашистичките организации се обидоа да ги соберат своите луѓе и да добијат поени за популарност меѓу членовите на малата буржоазија и расистичките националисти, против партијата која првенствено ги изразува членовите на малата буржоазија и заостанатите идеи: Нова демократија.
Се чини дека крајната десница не успеа со Преспа ниту да го зголеми своето влијание ниту да ја надмине расцепканоста и организациското распуштање на својот простор.
Но, не престанува да биде убиствена и опасна. Соочен со бесот и националистичките собири на десницата и крајната десница, левицата во Грција покажа целосна конфузија и неспособност.
ККЕ го осуди договорот како прст на НАТО. Говорот на ККЕ сепак содржеше постојани отстапки кон грчката „национална публика“ и немаше ни трошка солидарност со македонскиот народ.
Во исто време, „Народно единство“, „Комунистичка организација на Грција“ итн., се обидоа да ја следат струјата и да коегзистираат со крајно десничарските националисти. Така, овие организации со Преспанскиот Договор го завршија нивниот процес на распаѓањето во националистичката пулпа, губејќи го целото свое влијание во левичарската публика.
Сепак, дури и во колективите на левицата, која многу повеќе се вклучи во борбата против национализмот, Преспанскиот Договор откри многу слабости и противречности.
Прво, повеќето колективи во Грција кои се однесуваат на револуционерниот марксизам, на идеите на Ленин и Троцки, уште од самиот почеток ги осудија уцените и империјалистичкиот договор. Но, дури овие организации добиваат на сила, во нивните дневни написи, мизерни формулации како „Северна Македонија“ кои се наметнати токму со Договорот од Преспа, кои овие организации најостро ги осудија.
Но, многу полошо, има колективи на Левица во Грција кои веруваат дека Преспанскиот Договор му става кочница на грчкиот национализам. Така, (сегашната) област на «Конфронтација», «Мрежата за социјалните и политичките права», па дури и колективите на револуционерниот марксизам, како што е «Почетокот» итн., зазедоа позиција првично во корист на Договорот.
Стравуваме дека ваквиот развој на настаните не е случајна заблуда на некои од другарите кои ги водат овие организации. Но, тоа одразува многу длабок песимистички став кон ситуацијата во која сега се наоѓа работничкото движење. Тоа е оставка пред перспективата на балканските работници да му стават кочница на национализмот во догледна иднина. И прифаќање на постигнатото дека грчката држава – и заедно НАТО и САД – прават апсолутна команда. И дека тоа е единствената сила што може да стави кочница на крајната десница и грчкиот национализам.
Што значи тоа? Зарем не е можно работничкото движење да се најде во ситуација да ги има истите интереси како империјалистичката сила во едно суштинско прашање? И тогаш каков треба да биде ставот на Револуционерната левица?
Да земеме пример каде тоа навистина е така: во Егејското Море работничкото движење и на Турција и на Грција бара мир. Но, исто такви се и американските империјалисти, на кои им треба непречен проток на нафта и гас од Црното Море кон Запад за светскиот капитализам да работи непречено. Всушност, повеќе од еднаш САД интервенираа за да го изгаснат огнот на војната меѓу Грција и Турција (на пр. во Имија). Тоа навистина се случи. Но, дали силата на левицата може да повика на американска интервенција за да се донесе мир во Егејското Море? Ако го прави тоа, тоа значи дека ќе се отсече од работничката класа и нејзиното движење, дека очекува решенија и спречување на војна од американскиот империјализам, а не од работниците.
Но, дури и во најочајните времиња, работничката класа и угнетените нации се тие што го тераат тркалото на историјата да се движи. И – доста често – го превртуваат тркалајќи го во свој правец. И организациите и колективите кои успеваат да ја придобијат публика се тие што ги коваат своите членови во тешките, непопуларни прашања. Тие се оние кои се осмелуваат да одат против струјата, онолку пати колку што е потребно.
И покрај тоа колку тешко се менуваат работите, и покрај тоа што денес е непоколеблив Договорот од Преспа, за нас во „И КОККИНИ“ македонската држава е и ќе остане Република на Македонија.
Без преговарање.
*You can read the article in greek in this link
[…] να διαβάσετε το άρθρο και στα μακεδονικά σε μετάφραση Σωτήρη […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!