
Пишува Сотирис Минас*
Одлуката на Апелациониот суд на Западна Македонија да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик, кој легално функционира од јули 2022 година, предизвика, од една страна, големо разочарување кај сите нас што се бориме за правата на угнетените малцинства. Се надевавме дека со почетното признавање и со последователните судски победи конечно се направи едно –мало, но значајно– чекор во нашата борба за правата на националните и јазичните малцинства во Грција, кои сè уште ја држат својата засебна национална идентичност, зборуваат свој јазик и не го делат слоганот „истиот народ-истиот јазик-истата религија“, кој грчката држава од своето основање го наметнува на своите граѓани преку перење мозок, насилство и терор.
Верувавме дека е поставена добра основа за да бараме уште поважни работи во иднина, кои се веќе природни права во речиси секоја земја во светот – односно основните права на едно малцинство – како што се основањето училишта каде што македонскиот јазик ќе се изучува на местата каде што се зборува, како и воведување на македонскиот јазик во универзитетското образование во Грција, кој веќе е воведен во десетици земји низ светот. Од друга страна, веста за осудата не е изненадување, затоа што е базирана на политика што се спроведува со векови.
Самата идеја за создавање на модерната грчка нација, како што почнала да се обликува од таканаречените „грчки просветители“, се засновала на нелогичната мисла дека сите што живеат во географскиот дел на Отоманската Империја, кој се поистоветува со античка Грција, се автоматски потомци на античките Грци. Со услов да се… христијани. Тоа значи дека Албанците (Арванитите), говорители на латински (Власите) и Ромеите (христијаните што зборуваа румјански/грчки дијалекти) се директни потомци на Перикле и Платон, под услов, се разбира, да се… христијани (!). Затоа што на пример, албанските муслимани од регионот се… „туркалбанци“ (како што ги нарекувале) и не можеле да имаат никаква врска со античките Грци, затоа што не се… христијани. Така што, во Грција, етничката идеја се базира на чисто географски и религиозни критериуми.
Формирањето на оваа идеја кај населението беше спроведено преку наметнување на таканаречената катаревуса (архаизирачки грчки јазик) и веднаш албанските, латинските, како и румјанските дијалекти на поданиците на грчкото кралство беа сметани за варварски јазици, странски за етничката идеја што се формираше. Така, тие беа оставени на милоста на времето, бидејќи како потомци на античките Грци, сите морале да зборуваат ексклузивно на грчки.
Со усвојувањето на „Големата Идеја“ во 1843 година и со плановите за гранично проширување на север, започна криминалното забранување на мајчиниот јазик на славофоните жители на Македонија преку перењето мозок од бројните грчки училишта што беа основани во отоманска Македонија (каде не само што немало „тајни училишта“, туку напротив, во „јавните“ грчки училишта, не само Грците учеле грчки, туку наметнувале грчкиот јазик и на други јазични групи).
Подоцна, кога северните граници се формираа како што се денес, започна немилосрдното прогонување на славјанските дијалекти на Македонија. Славофонијата беше закана за зачувувањето на етничката идеја, бидејќи и северните жители на грчката држава требаше да прифатат дека припаѓаат на големиот грчки етничен корпус.
Истата политика се примени и со доаѓањето на стотици илјади христијани говорители на турски од Мала Азија, Понтос и Кападокија по завршувањето на грчко-турската војна (1919-1923), бидејќи нивниот турски мајчин јазик не се зачува и полека се изгуби во текот на времето.
Оваа операција за јазична асимилација секогаш претставуваше главниот механизам за создавање на чувство на етничко единство, хомогеност, како и лажното разбирање за континуитетот на „грцкост“ од антиката до денес.
Затоа, грчката држава покажува дека и денес не сака никако да ризикува признавање на постоечки или поранешни јазици во рамките на нејзините граници. Се плаши дека такви признавања можат да натераат Грците да се посомневаат во својата „грцкост“. Се плаши дека сè што со толку перење мозок, насилство, терор и репресија успеало да го помине во заборав и негирање, ќе излезе на виделина.
Во овој контекст доаѓа и забраната за функционирање на Центарот за македонски јазик. Сепак, историјата е дијалектичка. Борбата продолжува и случајот ќе стигне до Грчкиот Врховен суд и Стразбур.
Премиерот на Северна Македонија, Мицкоски, веднаш побрза политички да го искористи фактот изјавувајќи дека е подготвен да пружи поддршка во судските битки што следуваат. Иако во други околности тоа не би било лошо, во овој случај додава масло на огнот што го палат грчките националисти, бидејќи Центарот за македонски јазик беше создаден само и исклучиво од малцински граѓани на Грција и нема никаква врска со ниту една друга држава – како што грчките медиуми сакаат да оцрнуваат.
На нашите браќа, Македонци од Грција, им подаваме рака и се бориме заедно за целосна еднаквост, по стапките на Демократска армија на Грција и Националослободителен фронт, кои ги основаа првите македонски училишта во Грција, првите „центри за македонски јазик“.
Горе главата, борбата продолжува.
СООПШТЕНИЕ ОД ЦЕНТАРОТ
ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ГРЦИЈА
Лерин, 02.09.2024
Борби, напори, организации, движења, судски постапки, одлуки, укинувања, клевети… И сето тоа за признавање и употреба на еден јазик, односно на еден богатство, во земја членка на Европската Унија, во 21-от век. Судови што одобруваат, судови што одбиваат претходни одлуки, политички притисоци дури и во Парламентот, неверојатни и трагични ситуации…
Првостепениот суд го одобри основањето на Центарот за македонски јазик, додека второстепениот суд го отфрли (се занимаваше со целисходноста, а не со законитоста на Центарот… Значи, ловеше фатаморгани). Нека биде… веќе сме навикнати на ваков вид „демократија“ и „равноправна“ постапка како грчки граѓани… Не се предаваме и ќе продолжиме со нашите борби како до сега. Следен е Врховниот Суд, а ако е потребно, и Европскиот суд за човекови права. Со достоинство, со почитување на законите на државата, со трпение и упорност! Се бориме за нашите права, за основните човекови права, за нашето достоинство!
И сето тоа сами. Со безброј пречки од властите и „длабоката држава“. Увек обвинувани како „предавници, агенти, платеници“ итн., успеавме да постоиме и ќе постоиме!
Наскоро, премиер на соседна земја изјави дека има намера да ни помогне во судските борби што следуваат. Ви благодариме, но не! Ние не сме фигури на никого. Помошта што ни е потребна е таа од демократските граѓани на Грција, од вистинската правда, од вистинскиот европски систем. Никогаш не сме прифатиле помош од други земји и нема да го направиме тоа ниту сега!
Горе главата, борбата продолжува!
ЦЕНТАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ГРЦИЈА
Статијата е објавена во 24-то издание на весникот „И Кокини“ (Септември 2024), што се продава.
*Преводот на македонски е направена од Сотирис минас
*Τη μετάφραση στα μακεδονικά έκανε ο Σωτήρης Μηνάς
**You can read the article in Greek in this link.

[…] **Μπορείτε να διαβάσετε το άρθρο στα μακεδονικά (σε μετάφραση του Σωτήρη Μηνά) σε αυτόν τον σύνδεσμο. […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!