«А сепак постоиме, покрај тешките времиња»// Поезија од Сотирис Минас

Пишува Сотирис Минас

А сепак постоиме

А сепак постоиме…
Покрај тешките времиња…
Да ги уништиме твоите соништа за да надвладее нечовечноста и омразата…
Постоиме и ќе бидеме ваш кошмар…
Ќе бидеме она од што се плашите и мразите…
Опасноста да «корупцијата» на вашата расипана цивилизација…
Предавниците на сѐ што го сметате за «свето»…
И ќе продолжиме да постоиме додека не го создадеме нашиот свет…
Свет на човечноста, љубовта, еднаквоста, солидарноста, различноста и алтруизмот…
И толку многу не мразите затоа што добро знаете дека нема место за вас во таков свет…

Сон

Сонувам за свет во кој вредноста на човекот ќе се мери по суштината, а не по совршината
Сонувам за свет на вистинска еднаквост на луѓето без нации, граници и газди
Сонувам за свет во кој секој ќе произведува според својот потенцијал и ќе ужива според неговите потреби
Сонувам за свет во кој зборот „моќ“ ќе биде заборавен збор од далечното минато

Ослободување

Како птица која се ослободи од кафезот и полета до бесконечноста…
Осуденик кој засекогаш ја напушти ќелијата…
Сончев зрак неочекувано свети низ облаците…
На секој глас што ќе ми каже „доцна е“ ќе му кажам дека животот и неговата убавина сега допрва почнуваат…

*Сликата „Сонцето“ е дело на Едвард Мунк (1909)

**Можете да ги прочитате песните на грчки на следниот линк.


3 σχόλια

Σχολιάστε