
Пишува Сотирис Минас
Превод од грчки: Сотирис Минас
во чест на 60-те жртви од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, во Република Македонија. Македонки и Македонци, студентки и студенти, работнички и работници што живеат во градот, заедно со солидарни луѓе, се собраа на споменикот на Аристотел во центарот на Солун, држејќи црни балони и плакати: „60 минути за 60-те жртви од пожарот“.
Голем број луѓе ја поддржаа иницијативата, изразувајќи заедничка жал и заеднички гнев за една трагедија што има класен карактер.
Црна листа со имињата на загинатите – млади луѓе од 14 до 25 години – потсетуваше на размерот на ужасот. Меѓу нив и возач на брза помош кој го изгуби животот откако пренесе десетици безживотни тела од изгорениот клуб.
„Сум студентка тука во Солун, како и многу други студенти. Сакавме да ја изразиме нашата тага и солидарност со луѓето во Кочани, со жртвите и нивните семејства што минуваат низ толку трагично искуство“, изјави Деспина од Охридско. „Делувавме како заедница, и тоа нè прави посилни“.

Стамати, студент од Серско, нагласи: „Забавата е голем ‘бизнис’ кој носи профит, а за жал гледаме какви последици има тоа. Дојдов, можеше да не се тие деца, можевме да бидеме ние – тоа е човечки. Младите се будат, го гледаат овој корумпиран систем и сакаат друг систем, што ќе го стави човекот над профитот“.
Сотирис Минас, работник и член на редакцијата на „Црвена“, изјави: „Народот мора да се мобилизира за да не тагуваме повторно за жртви од убиствата што ги прави капиталистичкиот систем. Кога профитот е над човечките животи, добиваме вакви последици“.

Трагедијата во Кочани не е несреќа. Тоа е убиство од самиот систем што жртвува човечки животи за профитите на газдите. Само интернационалната, антикапиталистичка борба на народите може да го сруши режимот што создава тага и гнев.
*Можете да ја прочитате статијата и на грчки јазик со кликнување на оваа врска.

[…] *Μπορείτε να διαβάσετε το άρθρο και στα μακεδονικά πατώντας πάνω σε αυτόν τον σύνδεσμο. […]
Μου αρέσει!Μου αρέσει!