Фашизмот не помина во Аминтео (Соровичево)

Пишува Сотирис Минас

Во саботата, на 14 јуни, Аминтео (Соровичево) беше преплавено од луѓе, оро и македонски песни. И покрај обидите за спречување од националистички кругови, народниот собир се одржа со огромен успех и со импресивно учество на младите.

Заканите и пријавите не уплашија никого. Напротив, ја зајакнаа решеноста на македонскиот народ, кој даде силно присуство. Кога се обидеја да ја прекинат музиката, луѓето продолжија сами да пеат и да играат, а оркестрата повторно започна да свири. Одговорот беше колективен, горд и непоколеблив.

Тоа беше чиста победа против нетолеранцијата и длабоката држава. Македонците покажаа дека не се плашат и нема да молчат.

Горе главата – Македонски народни собири насекаде!

*Можете да ја прочитате статијата и на грчки јазик со кликнување на оваа врска.

Ένα σχόλιο

Σχολιάστε